Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска се сретна со новоназначениот амбасадор на Обединетото Кралство, Н.Е. Метју Лосон,
На почетокот на средбата вицепремиерот Битиќи му посака добредојде во нашата земја и изрази сочувство за смртта на Нејзиното Величество, кралицата Елизабета Втора, со желби за успех и добро здравје на Неговото Величество, кралот Чарлс Трети.
Вицепремиерот Битиќи и Амбасадорот Лосон, разговараа за економските приоритети на Владата, тековната и идна економска соработка помеѓу двете земји како и можностите за развој на истата истакнувајќи дека Обединетото Кралство се традиционално силни економски и партнери во развојот на нашата земја.
Амбасадорот Лосон се заблагодари за топлиот прием и надеж дека партнерскиот однос и добрата соработка ќе продолжи и во неговиот мандат, истакнувајќи дека Обединетото Кралство е еден од најголемите странски директни инвеститори во земјава.
Вицепремиерот Битиќи се заблагодари на досегашната поддршка што Обединетото Кралство ја нуди во развојот на земјава, реализирајќи неколку проекти преку кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, како Единицата за следење на (капиталните) инфраструктурни проекти и креирањето на Националната Развојна Стратегија 2022 – 2042.