Инстументот на ММФ за претпазливост и ликдвидност, што го доби Република Северна Македонија покажува дека државата има добри економски политики, како и стабилна фискална и монетарна политика, истакна претседателот на Владата Димитар Ковачевски во вечерашното интервју на телевизија 24.
„Како Влада бевме критикувани долг период дека не можеме да ги привршиме преговорите со ММФ заради состојбата со економијата, заради фискалната, монетарната политика. Тоа беа обвинувањата од опозицијата што се потврди дека беа неосновани, бидејќи овој инструмент го потврдува токму тоа и доколку го погледнете извештајот од постигнатиот договор дека всушност врз основа на добрите економски политики, врз основа на стабилната и фискална и монетарна политика, врз основа на таргетираните мерки, врз основа на перформансите на економијата ММФ го одобри овој инструмент“, истакна премиерот Ковачевски.
Каматната стапка за овој инструмент ќе биде помеѓу 1% и 2%, а оваа година ќе бидат повлечени 110 милиони евра. Премиерот Ковачевски истакна дека ќе се користи за поддршка на Буџетот и девизните резерви.
„Тој ќе биде исплаќан оваа година, идната година и годината после тоа. Каматата е некаде помеѓу 1% и 2% а потоа сукцесивно оди враќањето како што се справува буџетското функционирање на државата. Инаку овој инструмент се користи како за поддршка на Буџетот така и за поддршка на девизните резерви, бидејќи знаете дека се наоѓаме во време кога имаме енормно покачување на цената на енергенсите, дел од тие енергенси ние ги увезуваме покрај тоа што имаме домашно производство. Поради тоа се нарушува платниот биланс во државите, секако и државните резерви", рече Ковачевски во интервјуто за телевизија 24.