Ковачевски: Пратениците се одговорни да носат државнички одлуки, граѓаните заслужуваат да бидат дел од ЕУ

При вечерашното гостување во вестите на Канал 5, премиерот Димитар Ковачевски се осврна и на одговорноста на македонското Собрание во нашиот пат кон ЕУ и во градењето на модерна, стабилна и демократска држава. Тој рече:

„Како што кажав, уставните измени не се прашање на изјава туку прашање на процедура, во таа процедура учествуваат сите политички чинители во државата, како што учествуваат партиите од позицијата, така учествуваат и партиите од опозицијата.
 
Учествуваат партии кои што имаат нормално и етнички предзнак, сите тие нормално дека ќе имаат свое видување на уставните измени во однос на тоа што треба да се унапреди во Уставот.

Треба да се разговара меѓутоа пред се, треба да имаме пред нас визија дека ова го правиме заради што побрзо продолжување на патот кон ЕУ со веќе отпочнатите преговори и се со цел Северна Македонија до 2030 година да стане членка на ЕУ.

Значи тоа е клучната цел и причина зошто треба да направиме уставни измени во кои што ќе ја збогатиме нашата држава, нашиот устав со внесување на други граѓани од државата кои што сега не се дел од Уставот, а кои што живеат тука кај нас и што ќе ја зголемиме општествената кохезија, меѓутоа и ќе ја збогатиме нашата заедница со оние кои што тука живеат меѓу нас“, додаде премиерот Ковачевски.