ЈАВЕН ОГЛАС бр.10/2022 за именување директор на Државниот инспекторат за техничка инспекција

Институција која огласува: 
Владата на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
15.11.2022

Врз основа на член 10 од Законот за техничка инспекција („Службен весник на Република Македонија“ бр. 88/2008, 119/2010, 36/2011, 136/2011, 164/2013, 41/2014, 33/2015, 61/2015, 154/2015, 53/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.99/2022), Владата на Република Северна Македонија објавува

ЈАВЕН ОГЛАС бр.10/2022
за именување директор на Државниот инспекторат 
за техничка инспекција

1. Владата на Република Северна Македонија ќе именува директор на Државниот инспекторат за техничка инспекција.
2. За директор на Државниот инспекторат за техничка инспекција може да бидe именуванo лицe кое ги исполнува следните услови:

     1) е државјанин на Република Северна Македонија;

     2) во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;

     3) има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;

     4) има минимум шест години работно искуство;

     5) поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:

     - ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,

     - ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,

     - ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,

     - ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,

     - БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода и

     - АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2) и

     6) поседува потврда за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

3. За директор на Државниот инспекторат за техничка инспекција може да биде именувано лице кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнителните критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/prijava_za_oglas_1.pdf ,
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/struktura_na_dopolnitelni_dokumenti_1.docx 

4. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
     1) Пријава по оглас;
     2) Кратка биографија;
     3) Мотивациско писмо; 
     4) План и програма за идна работа;
     5) Уверение за државјанство;
     6) Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност        или должност;
     7)  Диплома за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;
     8) Доказ дека има минимум шест години работно искуство; 
     9) Меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
- ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,
- БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
- АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2)
     10)  потврда за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
5. Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување на директор на Државниот инспекторат за техничка инспекција “.  
6.Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МИОА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
7. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страна) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).
8. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/2005, 71/2005, 2/2006, 8/2006, 46/2006, 18/2007, 94/2007, 103/2007, 126/2007, 138/2007, 39/2008, 137/2008, 154/2008, 63/2009, 76/2009, 144/2009, 39/2010, 63/2010, 158/2010, 5/2011, 75/2011, 133/2011, 70/2012, 82/2012, 161/2012, 172/2013, 16/2014, 21/2014, 99/2014, 116/2014, 152/2015, 161/2015, 218/2015, 19/2016, 71/2016, 189/2016, 126/2017, 102/2018, 108/2018, 209/2018, 234/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 73/2019, 139/2019, 147/2019, 262/2019, 278/2019, 26/2020, 29/2020, 237/2020, 245/2020, 101/2021, 152/2021, 38/2022, 102/2022, 168/2022 и 213/2022).
9. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 15 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
10.Огласот ќе биде објавен и на веб страната на Владата на Република Северна Македонија. 
11. Непополнета и нецелосната пријава како и некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.