Панел дискусија на тема: Младински политики - потреби, можности и предизвици

Утре, 02.11.2022 година (среда) со почеток во часот 11:00 часот, во Клубот на пратениците, заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска ќе организира Панел дискусија на тема: „Младински политики - потреби, можности и предизвици“.

 

На Панел дискусијата воведни обраќања ќе имаат заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, директорот на агенција за млади и спорт Наумче Мојсоски и постојаниот претставник на УНДП за Република Северна Македонија Армен Григорјан.

 

Учество на Панел дискусијата ќе земат и претставници од Националниот младински совет, Младинскиот образовен форум, Универзитетското собрание на студенти, Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија, Ист-Вест Институт за менаџмент, Младинскиот ресурсен центар, Форумот за образовни промени, како и од Сојузот на младинска работа.

Календар Влада: 
Среда, Ноември 2, 2022 - 11:00 to 12:00