Ковачевски: Делницата кај Плетвар е 90% завршена, очекувам за месец дена, да видиме готов и функционален пат

“Вложуваме интензивно во инфраструктурата и во време на светската економска криза, затоа што кога велиме дека градиме европска држава, мислиме на евроинтеграциите, но пред сè на европски квалитет на живот и европски животен стандард за граѓаните, тука дома”, изјави премиерот Димитар Ковачевски на денешниот увид на градежни работи за рехабилитација на делницата Фариш - Прилеп, после превојот Плетвар, каде беше заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП Државни патишта Ејуп Рустеми.

“Овде на Плетвар, направив увид во градежните работи, и според ова што може да се види, завршува реконструкцијата на делницата Плетвар.

90 проценти од градежните работи на делницата се завршени. Сега се поставуваат сообраќајна сигнализација и банкини. Верувам дека сите овде присутни напорно работат на завршните работи, и затоа ќе си дозволам уште од сега да ве поканам сите вас, на пуштањето во употреба на делницата Плетвар, важна секција  во должина од 19 километри која е значајна бидејќи е дел од главниот магистрален пат за цела Пелагонија. Ова е практично е продолжување на новиот експресен пат од Градско до Плетвар”, рече премиерот Ковачевски и најави дека за околу месец дена, ќе може да видиме, готов, отворен и функционален пат.

“Оваа делница, но и целиот овој зафат, односно реконструкцијата која се реализира со средства од ЕБОР во вредност од над четири милиони евра, значи модернизација на Коридорот 10-Д и поврзување со Република Грција, кај граничниот премин Меџитлија.Тоа значи и отворени можности за развој на стопанството во целиот пелагониски  регион”, објасни премиерот Ковачевски и рече дека ќе продолжи инсистирањето на ефикасност во модернизацијата на инфраструктурата во нашата држава како еден од суштинските услови за нови инвестиции, за нови работни места, за подобар квалитет на живот на граѓаните и за поголема безбедност во сообраќајот, но и за патничко и железничко поврзување какво што доликува на држава којашто ги почна преговорите со Европската Унија.

“Факт е дека за само пет години, од 2017 година наваму, изградени се патишта во должина од околу 1.300 километри, што е значително поголема динамика, ако се земе предвид дека во претходниот 10-годишен период биле изградени двојно помалку патишта низ земјата, само околу 650 километри. Сега, активно се градат автопати во должина од 59 километри и се подготвува изградба на автопати во должина од преку 130 километри (за Коридор 10-Д и Коридор 8) и Скопје Блаце, фаза 2”, објасни премиерот Ковачевски.

“Mора и за сите да е јасно дека поврзувањето, дома и кон регионот, ги отвора патиштата за поврзување со Европа и со светот, како инфраструктурно, така и за развојот на економијата. Целта за којашто зборувам, но и интензивно работи Владата - е забрзан чекор кон конечно полноправно членство на Република Северна Македонија во Европската Унија. Граѓаните заслужуваат да живеат според европски стандарди и ние, тоа и ќе го овозможиме”, заклучи премиерот Ковачевски.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски истакна дека се работи и на двете фази од експресниот пат од Градско до Фариш, проект кој е исто така од исклучителено значење за цел Пелагонски регион заради брз, безбеден и поквалитетен сообраќај.

“Рехабилитацијата на превојот Плетвар е во завршна фаза и очекувам до крај на овој месец да биде комплетно завршен. Ме радува фактот што силно се работи и на двете фази од експресниот пат од Градско до Фариш, проект кој е исто така од исклучителено значење за цел Пелагонски регион заради брз, безбеден и поквалитетен сообраќај”, рече министерот Бочварски.

Тој најави дека во Министерството заедно со ЈП за државни патишта работи и на проектот за проширување на Плетвар на места каде што има само две ленти, да се прошири со уште една трета лента и понатаму на изградба на нов експрсен пат од мостот кај Ленишка река до влезот во Прилеп.

“Она што е уште поважно, децениската потреба на жителите од Пелагонијата, изградбата на автопат од Прилеп до Битола е приоритетен и тој проект е се поблиску до реализација. Очекувам веќе наредната година, по завршување со преговорите со компанијата изведувач, да започнеме со проектирање и изградба и на оваа автопатска делница. Сите знаеме колку е значајна Пелагонија и од аспект на економскиот развој на регионот и на државата така и од аспект со регионалното поврзување. Овој дел од Коридрот 10-Д ќе го заокружиме со изградба на нов експресен пат од Битола до Меџитлија со границата на Грција”, рече министерот Бочварски.

Директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми рече дека патниот правец од Градско кон Прилеп е еден од пофреквентните правци.

“Дневно овде се движат околу пет илјади возила, но карактеристично за оваа делница е зголемена фреквенција на тежок сообраќај кој е околу 18 % од вкупниот сообраќај. Ова се чини е нормално со оглед на фактот што овој пат поврзува два значајни земјоделско-индустриски региони, Пелагонискиот и Вардарскиот. Пелагонискиот регион, пак на југ граничи со Република Грција и Република Албанија и од тие причини е значаен за патното поврзување кое е дел од коридорот 10Д. Овде се вкрстуваат патни и железнички јазли кои се дел од меѓународната рута. Токму затоа, ние како Јавно претпријатие за државни патишта инвестираме во повеќе проекти во овој регион. Граѓаните кои гравитираат кон Прилеп и Битола, многу добро знаат дека овие 20-тина километри се најтешките за возење посебно во период каков што доаѓа, а тоа е зимата”, истакна директорот Рустеми и изрази благодарност до изведувачот на работите Стентон Градба и Грин Лајн со надзорот Диви за изведбата на рехабилитацијата на патот, каде ќе може граѓаните од овој регион да возат на почеток на зимата.  
 


 

Ковачевски: Делницата кај Плетвар е 90% завршена, очекувам за месец дена, да видиме готов и функционален пат

 

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски придружуван од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП Државни патишта Ејуп Рустеми, денеска направи увид на градежни работи за рехабилитација на делницата Фариш - Прилеп, после превојот Плетвар.

Во продолжение Ви ја пренесуваме во целост изјавата на премиерот Ковачевски.

„Почитувани медиуми,
Почитувани присутни,
 
Вложуваме интензивно во инфраструктурата и во време на светската економска криза, затоа што кога велиме дека градиме европска држава, мислиме на евроинтеграциите, но пред сè на европски квалитет на живот и европски животен стандард за граѓаните - дома.

Овде на Плетвар, направив увид во градежните работи и според ова што може да се види, завршува реконструкцијата на делницата Плетвар.

90 проценти од градежните работи на делницата се завршени. Сега се поставуваат сообраќајна сигнализација и банкини. Со Министерот Бочварски разговаравме, и очекувам дека за околу месец дена, ќе може да дојдеме повторно тука и да видиме, готов, отворен и функционален пат. 

Верувам дека сите овде присутни напорно работат на завршните работи и затоа ќе си дозволам уште од сега да ве поканам сите вас, на пуштањето во употреба на делницата Плетвар, важна секција  во должина од 19 километри која е значајна бидејќи е дел од главниот магистрален пат за цела Пелагонија.
Ова е практично е продолжување на новиот експресен пат од Градско до Плетвар.
 
Оваа делница, но и целиот овој зафат, односно реконструкцијата која се реализира со средства од ЕБОР во вредност од над 4 милиони евра, значи модернизација на Коридорот 10-Д и поврзување со Република Грција, кај граничниот премин Меџитлија.

Тоа значи и отворени можности за развој на стопанството во целиот пелагониски  регион.

Ќе продолжам да инсистирам на ефикасност во модернизацијата на инфраструктурата во нашата држава како еден од суштинските услови - и за нови инвестиции - и за нови работни места - и за подобар квалитет на живот на граѓаните - и за поголема безбедност во сообраќајот – и за патничко и железничко поврзување какво што доликува на држава којашто ги почна преговорите со Европската Унија.

Факт е дека за само 5 години, од 2017-та година наваму, изградени се патишта во должина од околу 1.300 километри, што е значително поголема динамика, ако се земе предвид дека во претходниот 10-годишен период биле изградени двојно помалку патишта низ земјата, само околу 650 километри.

Сега, активно се градат автопати во должина од 59 километри и се подготвува изградба на автопати во должина од преку 130 километри (за Коридор 10-Д и Коридор 8) и Скопје Блаце, фаза 2.

Во овој момент активно тече изградбата на: автопатот Кичево – Охрид, во должина од 57 километри и во вредност од 598 милиони евра, со прогрес на реализација од преку 72 процента.

Се гради автопатот Скопје – Блаце во прва фаза, инаку во вкупна должина од 12 километри. Вредноста на фаза 1 е над 12 милиони евра, а прогресот на реализација е 64 проценти.
Во рамки на Коридор 10-Д и Коридор 8 течат активности за: изградба на автопатот Гостивар – Кичево; на автопатот Тетово – Гостивар; на автопатот Требениште – Струга - Ќафасан; на автопатот Прилеп – Битола.

Изградени се експресни патишта во должина над 55 километри, со инвестиција од 84 милиони евра. А се градат експресни патишта во должина над 63 километри со инвестиција од 139 милиони евра.

Досега ги изградивме експресните патишта: Штип – Радовиш - и тоа 4 месеци пред крајниот рок, во должина од 40.5 километри и вредност од 64 милиони евра; завршена е првата фаза од патот Штип – Крупиште, во должина од 14.3 километри и вредност од 20.2 милиони евра.

Во овој момент активно тече изградбата на експресните патишта: Градско – Дреново, во должина од 15.5 километри и во вредност од 24,7 милиони евра; Дреново – Фариш, во должина од 10 километри и во вредност од 33,6 милиони евра; Крупиште – Кочани, во должина од 13.75 километри и во вредност од 18,23 милиони евра; Ранковце – Крива Паланка, во вкупна  долижина од 24.5 километри и вредност од 62,5 милиони евра и уште неколку други.

Активно се одвива реконструкцијата и на регионални патишта во должина од околу 130 километри и инвестиции во вредност од околу 70 милиони евра.

Mора и за сите да е јасно дека поврзувањето, дома и кон регионот, ги отвора патиштата за поврзување со Европа и со светот, како инфраструктурно, така и за развојот на економијата.

Целта за којашто зборувам, но и интензивно работи Владата - е забрзан чекор кон конечно полноправно членство на Република Северна Македонија во Европската Унија.

Граѓаните заслужуваат да живеат според европски стандарди и ние, тоа и ќе го овозможиме.   

Ви благодарам“.