Премиерот Ковачевски ќе ја посети Градската општа болница „8-ми Септември“ по повод нов дијагностички центар опремен со нови апарати за магнетна резонанца
Утре, 10 ноември 2022 година, (четврток) со почеток во 10:00 часот премиерот Димитар Ковачевски ќе ја посети Градската општа болница „8-ми Септември“ по повод нов дијагностички центар опремен со нови апарати за томографска магнетна резонанца со што се зголемува дијагностичката точност.
На настанот ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски, министерот за здравство Беким Сали, директорот на ГОБ „8-ми Септември“ Христијан Костов и амбасадорот на Италија во земјата Андреа Силвестри.
Апаратите се набавени во рамки на Програмата за рационализација на управувањето и модернизација на биомедицинската технологија во здравствениот сектор, во соработка со амбасадата на Република Италија.