Во рамките на учеството на климатскиот самит COP 27 во Египет, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини оствари работна средба со вршителот на должност извршен директор на Канцеларијата на Обединети Нации за проектни услуги УНОПС Јенс Вандел
На состанокот се дискутираше за интензивирање и проширување на соработката со УНОПС (во рамките на нивниот мандат) за решавањето на проблемите со индустриските жешки точки.
Министерот се заблагодари за досегашната соработка во спроведување на чистењето на линданот од малата депонија во ОХИС и упати барање активностите да се прошират и на други подрачја од ризик за човековото здравје и животната средина, преку преглед и надополнување на постоечката документација и изработка на изведбени проекти.
Взаемно беше потврдено дека УНОПС може да помогне и во имплементацијата на други проекти од интерес на министерството и државта преку користење на нивните единици за набавки и управување со проектен циклус.