Премиерот Ковачевски ќе се обрати на настан - „Вкуси ја традицијата, Прв Национален саем за храна и пијалаци“
На 12.11.2022 година (сабота) во 11:30 часот, премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати на настан „Вкуси ја традицијата – Прв национален саем за храна и пијалоци“. На настанот свое обаќање ќе има и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Локација: Градски парк Скопје (парцела „Вембли“ пред Стадион)
Настанот е во организација на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Слоу Фуд Македонија. Ова е прв саем со ваков обем, на кој ќе се претстават повеќе од 200 производители од над 40 локални здруженија, кои заеднички ќе ги презентираат македонското земјоделство и гастрономија.