Премиерот Ковачевски и министерот Спасовски во увид на реконструираната полициска станица во Гази Баба

На 13 ноември 2022 година (недела), претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со почеток во 11:30 часот ќе го посетат реконструираниот објект на полициската станица во Општина Гази Баба. 

Пред увидот во завршените градежни работи, владина делегација предводена од премиерот Ковачевски, ќе положи свежо цвеќе на споменикот на Македонските херои кој се наоѓа пред влезот на полициската станица.

По завршувањето на посетата претседателот на Владата Ковачевски и министерот Спасовски ќе дадат изјави за медиуми.

Календар Влада: 
Sunday, November 13, 2022 - 11:30 to 12:30