Премиерот Ковачевски на настан по повод Светскиот ден на детето: „Кога се работи за детските права, сите сме еден тим“

На 21.11.2022 година (понеделник) премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати и ќе учествува на настан по повод Светскиот ден на детето под мотото: „Кога се работи за детските права, сите сме еден тим“ во организација на Детскиот фонд при Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

На настанот свои обраќања ќе имаат и Патриција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ и Дени Масев, директор на ФФМ, по што ќе се одржи пријателски натпревар.

Оваа година Светскиот ден на детето се одржува на истиот ден кога започнува Светското првенство во фудбал, што создава единствена можност да се искористи моќта на фудбалот за целиот свет да се обедини и да се потсети дека кога станува збор за правата на децата – може да има само еден тим.

Календар Влада: 
Monday, November 21, 2022 - 12:45 to 13:45