Вицепремиерката Грковска е во работна посета на Советот на Европа
Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, е во работна посета на Советот на Европа, каде што ќе се обрати на 16 Европски Комитет за демократија и управување.
Вицепремиерката Грковска ќе оствари и средба со генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејќиновиќ Буриќ.
Во рамките на посетата на Советот на Европа, вицепремиерката Грковска ќе оствари средба со Клаудија Лучиани, директорка на Дирекцијата за човечко достоинство, еднаквост и владеење, на кој ќе присуствуваат и Дан Попеску шеф на Одделот за демократија и владеење, како и Алина Татаренко, шеф на Одделот за демократско управување.