Премиерот Ковачевски ќе се обрати на настан по повод 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Денеска, 02.12.2022 година (петок), во 11:00 часот на настан по повод 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост ќе се обрати премиерот Ковачевски во Свечена сала на Владата на Република Северна Македонија.

На настанот ќе се обратат и Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика, Беким Сали, министер за здравство, Росана Дуџак, координатор на ОН во Северна Македонија и Давид Оберхубер, директор на ГИЗ.

Календар Влада: 
Петок, Декември 2, 2022 - 11:00 to 12:30