Премиерот Ковачевски утре ќе учествува на Самитот на земји од Западен Балкан во Тирана
Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со лидерите од Западен Балкан, утре ќе учествува и ќе говори на Самитот за Западен Балкан-Европска Унија во Тирана, Република Албанија.
Учесниците на Самитот ќе ги пречека премиерот на Албанија Еди Рама, а присуство е најавено на високите европски претставници Шарл Мишел и Фон Дер Лаjен, како и премиерите на Белгија, Луксембург и други европски земји. На Самитот е предвидено земјите од Западен Балкан со ЕУ да потпишат декларација за зајакнување на соработката во повеќе сегменти со што се обезбедува подобри услови и бенефиции за граѓаните од земјите од Западен Балкан.
Премиерот Ковачевски на Самитот во Тирана ќе учествува и на две панел дискусии на кои фокусот ќе биде европската перспектива на земјите од Западен Балкан, обезбедувањето на демократија, мир и слобода, како и тесната соработка помеѓу земјите во заедничкото справување со предизвиците наметнати од економската и енергетската криза.
Во состав на владината делегација предводена од премиерот Ковачевски во Тирана се и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Изјавата на премиерот Ковачевски во вторник 6.12.2022 година, со почеток во 10:15 часот може да ја проследите во живо на следните линкови: