Премиерот Ковачевски ќе присуствува на настани по повод националниот празник - Ден на настава на турски јазик
Денеска, 21.12.2022 година (среда) со почеток во 16:30 часот премиерот Димитар Ковачевски ќе присуствува и ќе се обрати на настан по повод Денот на наставата на турски јазик, во спортската сала Борис Трајковски, организиран од Сојузот на турските граѓански организации МАТУСИТЕБ.
Потоа премиерот Ковачевски, ќе присуствува и ќе има обраќање по повод националниот празник на турската заедница во Република Северна Македонија, во хотел Александар Палас, во 18:00 часот.
Премиерот Ковачевски ќе присуствува на настани по повод националниот празник - Ден на настава на турски јазик.