Потпишување на Правилникот за функционална проценка на децата и младите со попреченост
Денеска, 12.01.2023 година (четврток) со почеток во 10:30 часот, во свечената сала на Владата на Република Северна Македонија, ќе се одржи заедничко потпишување на Правилникот за функционална проценка на децата и младите со попреченост од страна на министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, министерот за здравство, Беким Сали и министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, во присуство на претставничката на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија, Патриција Ди Џовани.
Календар Влада:
Четврток, Јануари 12, 2023 - 10:30 to 11:30