Владината делегацијa на бизнис форум во Хонг Конг

Владината делегација предводена од претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска (петок, 18.05.2012 година) престојува во Хонг Конг. Претседателот на Владата Груевски ќе оствари средба со г-дин Донал Цанг, шеф на извршното тело на специјалниот административен регион Хонг Конг – Народна Република Кина.

Владината делегација ќе се обрати на бизнис форумот за промоција на инвестициските можности за реализација на бизнис во Македонија. Форумот е организиран од Агенцијата за инвестиции на Хонг Конг. Премиерот Груевски ќе оствари средба со извршниот директор на хонгконшката агенција, г-дин Сајмон Галпин.   

Во рамките на форумот, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, г-дин Висар Фидар ќе потпише меморандум за соработка со Агенцијата за инвестиции на Хонг Конг.