Јанкулоска и Горанек најавија случување договор за полициска соработка меѓу Македонија и Словенија

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска на маргините на Министерската конференција во рамките на Брдо процесот, имаше билатерална средба со својот словенечки колега Винко Горенак.

На средбата, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, разговарано е на повеќе теми од заеднички интерес регулирани со постоечките билатерални договори меѓу Република Македонија и Република Словенија на полето на заедничката борба против тероризмот, организираниот криминал и недозволената трговија со дрога, како и околу заедничкиот договор за враќање на лица чие влегување или престој е во спротивност со важечките прописи.

Јанкулоска и Горанек ја оценија како успешна досегашната соработка која се одвива на повеќе нивоа, а беше иницирано и почнување постапка за склучување спогодба за полициска соработка меѓу владите на двете земји со цел дополнително да се регулира, но и интензивира билатералната полициска соработка. Оваа иницијатива, како што се наведува во соопштението, е прифатена од словенечка страна. Во наредниот период ќе биде изготвен нацрт-текст на спогодбата по што би следело нејзино натамошно операционализирање.