Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, денеска беа во посета на компанијата „Галениус“, која има големо искуство во призводство на диететски и фармацевтски производи.
Користејќи ја ИПАРД Програмата, компанијата ги подигнала квалитетот и стандардите во своето работење, но и конкурентноста на пазарите како дома така и во странство.
Оваа компанија е заштитно друштво, во кое има вработено лица со попреченост.
Затоа истата е ослободена од плаќање данок на добивка и добива поврат на придонесите.
Владата преку ваквите законски можности овозможува поголемо вработување на лица со попреченост, а во истовреме им помага на овие граѓани да се вклучат на пазарот на трудот и да имаат своја економска и социјална независност.
Владата со своите политики и стартегии е насочена кон економски развој на општеството.
Преку мерки, субвенции и конкретни проекти, создаваме услови за отворање на нови работни места, помагаме и овозможуваме компаниите да растат дома и да бидат конкурентни на меѓународните пазари, во Европа и светот.