Од 128-та владина седница: одлуки за дополнителна помош на Република Турција

Владата на Република Северна Македонија ја одржа 128-та седница.

Владата донесе одлука за испраќање дополнителна помош во Република Турција.

Донесена е одлука, на предлог на Министерството за одбрана, за испраќање нови 36-мина припадници на Армијата на Република Северна Македонија – Батаљон за специјални операции, за учество во хуманитарна операција во Република Турција.

Донесена е и одлука за испраќање нови 32 лица од Дирекцијата за заштита и спасување – припадници на републичките сили за заштита и спасување, за учество во давањето помош на Република Турција во санирањето на последиците од земјотресот.

Се испраќа и, според информацијата од Дирекцијата за заштита и спасување и комплетна специјализирана опрема и материјално – технички средства за пребарување и спасување од урнатини, 10 возила за транспорт на опремата и луѓето.