Груби оствари средба со амбасадорот Ќехаја

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби оствари средба со амбасадорот на Република Косово, г-дин Флоријан Ќехаја.

Првиот потпретседател на Владата, Груби и амбасадорот Ќехаја разговараа за политичките случувања во Република Северна Македонија и Република Косово, со посебен акцент на европскиот фронт во нашата земја, уставните измени кои се сметаат за неопходни за европскиот пат како и дијалогот помеѓу Косово-Србија, но и поврзувањето на нашите две земји со автопатот и One stop shop.

Нормализирањето на односите и финализирањето на конечниот договор со взаемно признавање меѓу Република Косово и Република Србија, беше исто така дел од разговорот меѓу Груби и Ќехаја, кој се смета за неопходност за забрзување на евроатлантскиот пат и поголема безбедност и просперитет на Западен Балкан.

На оваа средба дел од разговорот беа и инфраструктурните проекти, меѓу кои и автопатот Скопје – Блаце, Коридорот 8 и 10Д, за кои веќе започнаа преговорите, како значајни проекти за поврзување на двете земји и целиот Западен Балкан, вклучувајќи и „One stop shop“ што треба да почне да се применува што е можно поскоро со што се очекува отстранување на границите и олеснување на движењето на лица и стоки.

Груби и Ќехаја разговараа и за организацијата на одбележувањето на 15-годишнината од независноста, како настан од големо значење за Република Косово.