Вицепремиерката Грковска во соработка со Центарот за управување со промени ќе го презентираат Упатството за подобрување на транспаретноста на иституциите од јавниот сектор

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во соработка со директорката на Агенција за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, Пламенка Бојчева, како и извршната директорка на Центарот за управување со промени, Неда Малеска - Сачмароска, денес, 20.02.2023 година (понеделник) во 11:30 часот, во Клубот на пратеници во Скопје ќе го презентираат Упатството за подобрување на транспарентноста на институциите од јавниот сектор.

Целта на Упатството е да обезбеди унапредување на проактивната транспарентност на институциите.

Календар Влада: 
Понеделник, Февруари 20, 2023 - 11:30 to 12:30