Со одлука на Владата Клиничкиот центар во Скопје преименуван во Комплекс клиники Мајка Тереза

Информираме дека на седницата одржана вчера(понеделник, 21.05.2012 година), на предлог на премиерот Никола Груевски, Владата на Република Македонија одреди назив на урбанистичката целина каде што се сместени државните клиники од терцијарното здравство, во минатото наречени Клинички центар, или популарно наречени Државна болница.

Новиот назив на оваа урбанистичка целина гласи Комплекс клиники Мајка Тереза.

Истовремено, Владата и препорача на општината Центар урбанистичкиот план за оваа урбанистичка целина да се именува како Мајка Тереза.