Премиерот Груевски испрати писмо со сочувство до Бериша по повод смртта на 14 студенти во Албанија

Ваша Екселенцијо почитуван колега Бериша,

Длабоко ме потресе веста за трагичната сообраќајна несреќа која се случи во близина на градот Химаре, во која беа загубени млади животи.

Иако во овие тешки мигови за Вас и Вашиот народ не постојат зборови кои можат да ја намалат болката, споделената тага и поддршката од пријателите, претставува утеха во соочувањето со оваа ненадоместлива загуба.

Во овие моменти на национална жалост, Ве молам, почитуван колега, од името на членовите на Владата на Република Македонија и од мое лично име, да ги примите изразите на искрено и длабоко сочувство.

На семејствата, кои во несреќата ги загубија своите најмили, Ве молам да им пренесете дека народот на Македонија искрено сочувствува со нив поради загубата на своите најмили. Нашите мисли и молитви се со нив.

 

 

 

                                                                                                Никола ГРУЕВСКИ