Битиќи- Тунџев: Точни и јавно достапни национални геоподатоци се основата и предуслов за одржлив развој

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи имаше свое обраќање на конференцијата „Јавните геопросторни податоци-основа за одржливо општество“ што се одржа во Скопје во состав на „НИПП ден 2023“.

Вицепремиерот Битиќи, во својство на претседател на Советот на Националната инфраструктура на просторни податоци (НИПП) во својот говор, рече дека дигитализацијата е иднината на светот, тука нема колебање, но за да постигнеме дигитална демократија, суштинска е соработката на сите чинители, на повеќе нивоа и е потребен холистички пристап.

Вицепремиерот Битиќи потсети дека пред извесно време, Владата го промовираше дигиталниот асистент АДА кој има 24 часовна достапност за граѓаните и заинтересираните странски инвеститори за да можат да ги добијат сите релевантни информации за државната помош на транспарентен и ефикасен начин.

„ Ова го нуди и НИПП геопорталот (Националната инфраструктура на просторните податоци) како владино решение кој овозможува испорака на услугите и податоците кој исто така има 24 часовна достапност и функционалност. 

Во текот на минатата година, ние работевме максимално за подигнување на јавната свест за придобивките од НИПП бидејки го подобрува квалитетот на изворите на просторните податоци, но нуди зголемена транспарентност и одговорност во работењето на институциите, што представува една од главните заложби на оваа Влада“, изјави Битиќи.

Вицепремиерот нагласи дека трендовите на развој во областа на геоинформациите ја потенцираат нивната клучна улога за овозможување податоци за постигнување на сите сегменти по секторите на Зелената агенда, но и Агендата 2030 на Обединетите нации и Целите за одржлив развој.

„Токму овде ќе ја најдете нашата посветеност на Зелената агенда на сите нивоа и во сите сектори. Напорите на Владата е да преку употреба на НИПП порталот и геоинформатичките потатоци да се овозможи брз, автоматизиран и непречен пристап до просторните податоци, како и нивна интероперабилна размена. 

Со тоа се интегрираат просторните податоци од сите државни институции во едно централизирано место од каде тие се достапни за користење до сите корисници во и надвор од Република Северна Македонија“, кажа во својот говор вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Борис Тунџев, во негоиот говор се осврна на актуелностите и трендовите на развој во областа на геоинформациите, но и на новата тригодишна старатегија за националната инфраструктура на просторните податоци која се однесува на периодот 2023-2025 година.

„Степенот на развој НИПП се одсликува преку НИПП геопорталот, гео-портал номиниран за едно од најдбрите електронски владини решенија за 2022 година. 

Тој овозможува испорака на услугите и податоците преку интеренет, применувајќи стандарди кои обезбедуваат висок степен на заштита и безбедност на податоците.

Неговата 24 часовна достапност и функционалност е резултат на  перманентното вложување на финансиски средства од страна на Агенцијата за катастар на недвижности како институција надлежна за негово одржување и јавен пристап до податоците.  

Согласно програмските активности, од оваа година содржината на НИПП геопорталот покрај на македонски и англиски јазик ќе биде достапна и на албански јазик, што ќе значи негово збогатување во јазична смисла“, кажа Тунџев.

Агенцијата за катастар на недвижности во изминативе години остварува континуирана соработка со шведскиот катастар во повеќе области кои се од значење за нашиот развој.

НИПП е една од областите чиј развој е помогнат од страна на Лентматериет и Шведската агенција за меѓународна соработка (СИДА) во рамки на проектот „Соработка за дигитална демократија“.

На конференцијата учествуваа претставници од Катастарот на Кралството Шведска, претставници од Агенцијата за катастар на недвижности и претставници од Министерството за животна стредина и просторно планирање на Република Северна Македонија, на која дискутираа за трендовите во областа на гео-просторните податоци и за НИПП стратегијата 2023-2025.

На Геопорталот можете да пристапите преку следниот линк.