Министерот Павлески на Меѓународен фискален форум во Лугано

Министерот за странски инвестиции, г-дин Бил Павлески, денеска (среда, 23 мај 2012 година) учествуваше и се обрати на Меѓународниот фискален форум кој се одржува во Лугано, Швајцарија.

Министерот Павлески во обраќањето пред присутните  се осврна на глобалните бизнис трендови и ги истакна поволностите кои ги нуди Република Македонија како идеална локација со најповолни фискални, даночни и оперативни можности кои влијаат на подобрување на економиите на компаниите, правејќи ги поконкурентни и попрофитабилни на глобалниот пазар.

Министерот ги повика бизнисмени присутни на форумот во Лугано, што претставува  седиште на многубројни компании од Северна Италија и Швајцарија, да ја посетат Македонија, да ги искористат нејзините компаративни предности и да инвестираат. 

Во рамки на посетата, министерот Павлески оствари средби со повеќе компании, меѓу кои и со менаџментот на ФИАТ, како и со нивни добавувачи.

Во наредниот период најавена е и официјална посета на Република Македонија од страна на италијанска бизнис делегација составен од врвни менаџери.