Потпишување на договор за Коридор 8 и 10 д помеѓу Министерството за транспорт и врски, Јавното претпријатие за државни патишта и конзорциумот „Бехтел и Енка“

Денеска, 08.03.2023 година (среда) во 12:00 часот, во Свечената сала на Владата на Република Северна Македонија ќе се одржи настан по повод Потпишување на договор за Коридор 8 и 10 д помеѓу Министерството за транспорт и врски, Јавното претпријатие за државни патишта и конзорциумот „Бехтел и Енка“. На настанот ќе говорат претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, првиот заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми и генералниот директор за нискоградба „Бехтел“, Марк Алисон.

Видео линкови за пренос во живо од Свечена сала:
Линк до видео на македонски јазик
Линк до видео на албански јазик
Линк до видео на англиски јазик

По завршувањето на официјалниот дел во Свечена сала, следува прес-конференција во Медиjа центарот каде се предвидени одговори на новинарски прашања.

Видео линкови за пренос во Медија центарот:

Прес-конференцијата на македонски јазик  
Прес-конференцијата на албански јазик  
Прес-конференцијата на англиски јазик 

Календар Влада: 
Среда, Март 8, 2023 - 12:00 to 13:00