Премиерот Груевски на работна вечера со италијански стопанственици во Милано

Владиниот економски тим предводен од премиерот Никола Груевски вечерва во Милано присуствуваше на работната вечера со високи претставници на дваесеттина италијански компании, во организација на Американската комора во Италија.

Настанот беше искористен за директно запознавање на бизнисмените со економските и инвестициските потенцијали што ги нуди Република Македонија за странските инвеститори.

На средбата присуствуваа компании од финансискиот сектор, прехранбената индустрија, туризмот, градежништвото, како и од индустријата за производство на бела техника.