Премиерот Ковачевски ќе присуствува на настан по повод свечено одбележување на Денот на формирањето на Специјалната Антитерористичка Единица - „САЕ- ТИГАР“

На 13.03.2023 (понеделник) во 11:00 часот во Касарна „Илинден“- Скопје (базата на „САЕ- ТИГАР“), Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе положи свежо цвеќе и оддаде почит на спомен плочата на загинатите припадници на „САЕ- ТИГАР“.

Во рамки на настанот по повод свеченото одбележување на Денот на формирањето на Специјалната Антитерористичка Единица- „САЕ- ТИГАР“, во организација на Министерството за внатрешни работи, свое обраќање ќе има и премиерот Ковачевски.

Календар Влада: 
Monday, March 13, 2023 - 11:00 to 12:00