Објавен јавен повик за организирање на локални манифестации и саеми

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска на веб страната го објави јавниот повик за промотивни активности од областа на земјоделството и руралниот развој, за организирање на локални манифестации и саеми. Повикот е отворен 30 дена почнувајќи од денес и ќе трае до 12 април. Има доволно време сите заинтересирани да ја подготват потребната документација и да аплицираат.

На повикот можат да аплицираат здруженија од областа на земјоделството и руралниот развој, јавни научни установи и истражувачи, образовни институции, единици на локалната самоуправа, стопанските комори и задруги .

Предлогот се доставува во еден оригинален примерок, напишан на сопствен меморандум, потпишан и заверен со печат од корисникот на техничката поддршка. Еден ист корисник може да аплицира само за едно барање и неможе да се појавува како основач или овластено лице во други предлози за учество.

Прифатливи трошоци за поддршката се инвестиции за закуп на простор; изнајмување на штандови и/или бина; изнајмување на аудио и видео опрема, озвучување и осветлување, маси, столици и штандови, огласување во печатени и електронски медиуми и набавка на промотивен материјал покани, постери, флаери, банери, брошури, публикации, каталог, зборник, видео или аудио реклама.

Максималниот износ по корисник изнесува 120.000 денари.

Постапката за избор на корисници ја спроведува посебна комисија, врз основа на евалуација за исполнување на пропишните критериуми.

Министерството секоја година издвојува средства за поддршка на локални манифестации, минатата година поддржавме рекорден број и доделивме 47 договори за поддршка на веќе познати локални манифестации и саеми, но и на нови кои се одржуваа за прв пат. Вкупната финансиска поддршка беше во износ од 5. милиони денари, а оваа година ја дуплираме вредноста и ставме на располагање 10. милиони денари за сите оние кои имаат добри и издржани идеи и кои ќе ги исполнат условите дефинирани во повикот.

Повеќе информации на следниот линк:

https://www.mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&News=291