Конференција „Безбедноста и евроатлантските перспективи на Балканот“ во Охрид
НАТО и Европската унија не се теми за дневно политичко конституирање, туку се стратешки теми за Република Македонија и сите треба да го дадеме својот придонес на најдобар начин што побргу државата да ја постигне целта. Тоа се цели кои промовираат вредности на мир, стабилност и демократија на земјите членки, истакна министерот за одбрана Фатмир Бесими на денешната конференција „Безбедноста и евроатлантските перспективи на Балканот“ што се одржува во Охрид.
По самитот на НАТО во Чикаго, Република Македонија, подвлече, ќе продолжи да ги промовира мирот, безбедноста и стабилноста, ќе продолжи по својата патека за евроатланските интеграции. И по членството во НАТО и ЕУ, посочи Бесими, уште повеќе со поголем интензитет и со повисоки стандарди Македонија ќе биде дел од Алијансата и ќе продолжи со својот придонес.
- Евроатланските интеграции треба да се сфатат како процес. Формалното зачленување е еден инструмент во целиот тој процес, каде ние промовираме дека сме земја која ги оценува и вреднува вредностите на НАТО, како и институционалните капацитети, со цел да се постигнат веќе поставените цели, мирот, безбедноста и слободата на светско ниво, рече Бесими, нагласувајќи дека Македонија тоа и го прави.
Министерот за одбрана потсети дека трет самит по ред се докажува дека Република Македонија во однос на стандардите, критериумите и својата поставеност и посветеност е на прав пат, односно дека ги исполнува критериумите.
На највисоко ниво е оценет и придонесот кој земјата го дава во меѓународните мисии.
- Ние веруваме во овие вредности и имаме изградено капацитети не само на домашен терен Македонија да обезбедува безбедност, мир и стабилност, туку и надвор од државата онаму каде што има потреба, истакна Бесими.
На евроатланските интеграции, додаде тој, гледаме не само како интерес за Република Македонија, туку и за целиот регион и за самата Алијанса, бидејќи тоа подразбира добри односи за земјите од регионот, како и заедничка иницијатива за постигнување на целите.
На овој самит, според Горан Илиќ експерт за ЕУ, најмногу може да се забележи водење политика на фактите на сојузниците во однос на македонското прашање, посебно во делот околу спорот со името наметнат од страна на Грција.
- Грција не бира средства да ја опструира Република Македонија во нејзините НАТО и ероинтеграциски процеси. Она што земјава треба да го направи е да опстои на патот кон НАТО и ЕУ интегрирањето подржувајќи го процесот на преговори на високо ниво, но и да остане цврста и стабилна на патот кон Алијансата, Илиќ. Тој нагласи дека Грција има хистерична и агресивна дипломатија и врз основа на тоа, треба да се реорганизира и репозиционира македонската дипломатија.
На меѓународната конференција „Безбедноста и евроатлантските перспективи на Балканот“ која е во организација на Факултетот за безбедност-Скопје при Универизтетот „Свети Климент Охридски“ учество земаа стотина учесници од седум земји од Југоисточна Европа.
Учесниците ќе дебатират за евроатланските интеграции и перспективи на Балканот, менаџирањето со ризици и кризи како безбедносен предизвик, образованието за полициските и други безбедносни професии, науката за безбедност, криминолошките полициските и криминалистичките и други сродни науки-теориск...