Премиерот Ковачевски ќе се обрати на настан на тема „Европски перспективи и квалитетен развој на ромската заедница во Северна Македонија“

На 07.04.2023 година (петок) со почеток во 11:00 часот, по повод Одбележување на 8–ми април Меѓународниот ден на Ромите во Владата на Република Северна Македонија ќе се одржи настан на тема: „Европски перспективи и квалитетен развој на ромската заедница во Северна Македонија“.

На настанот ќе се обратат претседателот на Владата Димитар Ковачевски, Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ Делегација во Скопје, Бојан Маричиќ, заменик претседател на Влада за европски прашања, Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика, Беким Реџепи, заменик министер за транспорт и врски, Ѓултен Мустафова, Совет на Европа, како и градоначалници, претставници на ромски граѓански организации и пратеници.

Календар Влада: 
Friday, April 7, 2023 - 11:00 to 12:00