Редовна седница на Економскиот совет

Во Владата на Република Македонија денеска (понеделник, 28 мај 2012 година) се одржа редовна седница на Економскиот совет со која претседаваше претседателот на Владата, г-дин Никола Груевски.

Покрај редовните информации за тековните макроекономските состојби, Економскиот совет на денешната седница разгледуваше и информации од сферата на ИПА проектите, реформата на јавната администрација, како и проектите од сферата на патната инфраструктура.

Во однос на ИПА проектите Економскиот совет ја разгледуваше информацијата за статусот на програмирањето на Националната програма за Компонента 1 од ИПА помошта за 2012-2013 година, во која основен акцент беше ставен на проектот за зајакнување на капацитетите на локалните самоуправи во процесот на децентрализација.

Економскиот совет се осврна и на информацијата подготвена од Министерството за информатичко општество и администрација во врска со Методологијата за воведување на систем на управување заснован на компетенции во администрацијата во Република Македонија.

Исто така, Економскиот совет на денешната седница ја разгледуваше и информацијата за прогресот на активности за изградба, реконструкција, рехабилитација на одделни патни правци и делови од патната мрежа на Република Македонија.