Груевски: Македонија памети, СДСМ не може да не измами

СДСМ има тенденција на уривање на сопствената историја, е оценката од премиерот Никола Груевски во врска со тврдењата на СДСМ дека во нивно време повеќе се градело, а оваа влада не прави ништо и нема проекти. 

- Нема да се изненадам ако наскоро не обвинат не само дека ние сме  ја направиле приватизацијата од која останаа без работа околу 200 илјади луѓе во Македонија. Можеби наскоро да чуеме дека ние сме го направиле и ТАТ и пирамидалните штедилници, како и сите афери кои се појавуваа во целиот период додека СДСМ беше на власт. Тие веруваат дека во Македонија има слабо институционално паметење за политичките случувања, а поголемиот дел од народот ќе им поверува ако кажат дека Груевски, а не Црвенковски ја направи приватизацијата или оти тие тие многу граделе, а денес ништо не се гради, изјави премиерот денеска по одбележувањето на Европскиот ден на претприемачот.

Претседателот на Владата потенцира дека можеби во однос на приватизацијата можеби некои од помладите генерации, рече, и не знаат, но сега се гледа во однос на тоа кој колку градел, се гледаат реновираните и реконструирани регионални патишта, изградените и реконструирани локални патишта, обновените училиште, спортски сали, водоводи, канализациони мрежи, објекти и други инвестиции што се прават во многу области.

- Разбирам дека тие имаат желба да се прикажат во подобро светло, но треба да најдат начин тоа да го прават пософистицирано, изјави премиерот Никола Груевски.