Премиерот Ковачевски ќе се обрати на настан по повод почеток на градежни работи на новата фабрика на канадска „Магна“ во Штип

На 11.05.2023 година (четврток) со почеток во 11:00 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, ќе се обрати на настан по повод почеток на градежни работи на инвестициски проект на компанијата „Магна Мехатроникс“ во ТИРЗ- Штип. 

На настанот обраќања и презентација за новиот инвестициски проект ќе имаат и Дејвид Креспи, потпретседател на компанијата „Магна Интернационал“ како и директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

Календар Влада: 
Четврток, Мај 11, 2023 - 11:00 to 12:00