Премиерот Ковачевски ќе се обрати на официјалното отворање на Преспа Форум за дијалог 2023
Премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати на официјалното отворање на Преспа Форум за дијалог на панел сесијата на тема: „Пет години по Преспанскиот договор: предизвици претворени во можности“.
Линкови за следење во живо, 15.06.2023 година (четврток) во 19:00 часот:
(Во живо) Официјална сесија за отворање „Пет години по Преспанскиот договор: предизвици претворени во можности“ #PFD #PFD2023 #PrespaForumDialogue
(Drejtpërdrejt) Sesioni zyrtar i hapjes "Pesë vjet pas Marrëveshjes së Prespës: Sfida të shndërruara në mundësi" #PFD #PFD2023 #PrespaForumDialogue
(Live) Official opening session “Prespa Agreement Five Years on: Challenges Turned into Opportunities” #PFD #PFD2023 #PrespaForumDialogue
На првиот ден на Преспа Форумот за дијалог премиерот Ковачевски ќе оствари билатерални средби со Ејми Е. Поуп, новоизбрана генерална директорка на Меѓународната организација за миграција, како и со Мануел Сарацин, специјален претставник на германската Влада за Западен Балкан.
Преспа Форумот за дијалог 2023 на едно место ги обединува, домашните и меѓународните високи претставници, дипломати, истакнати личности од академската и деловната заедница, граѓанското општество и претставници на младински организации, кои имаат одлична можност лично да ги споделат нивните анализи, мисли и идеи за широк обем регионални и меѓународни теми.