Премиерот Ковачевски ќе ја отвори премиерската сесија на Преспа форум за дијалог 2023

Премиерот Димитар Ковачевски на вториот ден од Преспа форум за дијалог, на сесијата „Искрената регионална соработка го одржува регионот стабилен“ ќе дискутира за важноста од регионалната соработка, која е клучна во услови на геополитички превирања и силна поларизација на светот.

Линкови за следење во живо 16.06.2023 година во 11:15 часот:

(Во живо) Сесија „Искрената регионална соработка го одржува регионот стабилен“ #PFD #PFD2023 #PrespaForumDialogue

 

(Drejtpërdrejt) Sesioni “Bashkëpunimi i sinqertë rajonal e mban rajonin të qëndrueshëm" #PFD #PFD2023 #PrespaForumDialogue
 

(Live) Session “Genuine Regional Cooperation Keeps the Boat Steady” #PFD #PFD2023 #PrespaForumDialogue

Премиерот Ковачевски, денеска, предвидено е да одржи и билатерална средба со новоизбраниот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

ПФД 2023 на едно место ги обединува, домашните и меѓународните високи претставници, дипломати, истакнати личности од академската и деловната заедница, граѓанското општество и претставници на младински организации, кои имаат одлична можност лично да ги споделат нивните анализи, мисли и идеи за широк обем регионални и меѓународни теми.

Календар Влада: 
Friday, June 16, 2023 - 00:00 to 23:45