Маричиќ-Хурелбринк: ФЕС со поддршка за брз напредок во реформите и ЕУ агендата

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска оствари средба со новоименуваниот директор на Фондацијата „Фридрих Еберт“ (ФЕС), а во присуство на директорот во заминување, Рене Шле.

Главна тема на состанокот беше зајакнувањето на соработката во идниот период, со посебен акцент на трансформацијата на државата во клучните области за пристапување во Европската Унија.

На состанокот од страна на новиот директор на ФЕС, Питер Хурелбринк, беше потврдена поддршката и заложбата на фондацијата во исполнувањето и достигнувањето на реформските процеси и ЕУ агендата.

Вицепремиерот Маричиќ на средбата ја потенцираше важноста на соработката со „Фридрих Еберт“ и го потенцираше значајниот придонес кој фондацијата ја дава на демократските и реформски процеси за исполнување на нашата стратешка цел, членството во ЕУ.

- Во периодов пред нас, кој ќе биде динамичен и важен поради процесот на пристапување во ЕУ, ќе ја продолжиме и унапредиме соработката и со нови активности ќе го зајакнеме нашето партнерство, рече вицепремиерот Маричиќ.

Маричиќ се заблагодари на досегашниот соработка на директорот на ФЕС во заминување, Рене Шле и му посака успех во понатамошните работни ангажмани.