
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на РМ (,,Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 8 Септември 2023 година (петок), Денот на независноста е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните во Република Северна Македонија им го честита Денот на независноста.