Премиерот Ковачевски со воведно обраќање ќе го отвори Скопскиот економски и финансиски форум 2023
Денеска, 15 септември 2023 година (петок) со почеток во 9:30 часот во хотел „Double tree By Hilton Skopje“ со воведно обраќање премиерот Димитар Ковачевски ќе го отвори третиот Скопски економски и финансиски форум (СЕФФ), на тема „Европа – ДА, Европа – СЕГА“ во организација на Министерството за финансии.
На конференцијата свои официјални обраќања ќе имаат и министерот за финансии Фатмир Бесими како и еврокомесарот за буџет и администрација Јоханес Хан, по што ќе следуваат тематски панел сесии каде ќе говорат претставници на европските банки – Европска инвестициска банка, Банка за развој при Советот на Европа и Европска банка за обнова и развој, на меѓународните финансиски институции – Светска банка и ММФ, УСАИД, како и претставници од владите во регионот и земјава, дипломати, претставници од бизнис-секторот, како и академската јавност.