Вицепремиерот Битиќи ќе учествува на панел дискусијата „Од криза до решенија – станавме ли поотпорна економија денес?“
Заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес 06.10.2023 година (петок) ќе учествува на панел дискусијата на Економскиот форум „Од криза до решенија – станавме ли поотпорна економија денес?“ во организација на Finance Think.
На настанот ќе се дискутира за можностите за справување со кризи во иднина, и плановите за претстојните мерки и потребата како да станеме поотпорна економија.
Настанот ќе се оддржи во хотел Мериот со почеток во 11:00 часот.
Предвидени се и изјави за медиуми во 10:30 часот, на вториот кат пред Ballroom 2.