Премиерот Ковачевски на почеток на санација и реконструкција на колекторски систем и нова пречистителна станица во Дојран

На 27.10 .2023 година (петок) со почеток во 11:00 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе се обрати на настан по повод почеток на санација и реконструкција на колекторски систем и отпочнување на постапка за изградба на нова пречистителна станица во Дојран.

На настанот свое обраќање ќе имаат и министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, амбасадорот на Република Словенија во земјава, Грегор Прескер, како и Анго Ангов, градоначалник на Општина Дојран.

Календар Влада: 
Friday, October 27, 2023 - 11:00 to 12:30