Ковачевски: Со новиот рехабилитиран пат Подмоље-Струга-Ќафасан овозможуваме поинтензивна регионална соработка, економски раст и напредок

Премиерот Димитар Ковачевски денеска, заедно со првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и Ејуп Рустеми, директор на Јавното претпријатие за државни патишта, присуствуваа на пуштање во употреба на патниот правец Подмоље-Струга-Ќафасан.

Рехабилитацијата на државниот пат А2, односно делницата Подмоље-Струга-Ќафасан, чинеше скоро 8 милиони евра, премиерот Ковачевски истакна дека оваа делница е од исклучително значење за овој регион, особено за поттикнување на регионалната соработка, за нови можност за економски врски, културни размени и врски меѓу луѓето на Северна Македонија и Албанија.

„Делницата Подмоље-Струга-Ќафасан има големи економски предности, отвора можности за трговија и инвестиции, отворање нови работни места и подобрена транспортна инфраструктура, што крајно позитивно влијае врз поттикнување на економскиот раст на двете држави. Државниот пат А2, се поврзува и со Коридорот 8, што е од клучно значење за поврзување на нашата земја не само со регионот, туку геостратешката позиција на Коридор 8, овозможува Северна Македонија да стане неизбежна транспортна рута со европските земји", рече премиерот Ковачевски.

Министерот Бочварски рече дека Министерството за транспорт и врски работи и на проект за рехабилитација на инфраструктурата на граничниот премин Ќафасан како и поставување на нов видео надзор.

„Веќе активно се реализира и договорот за изградба на автопатските делници од Коридор 8 и 10 д, кои ќе дадат комплетна нова слика во модерна и нова патна мрежа во земјава. Ова е најголемиот, најзначајниот капитален проект и ние како Министерство заедно со ЈП за државни патишта сме силно сконцентрирани за навремена реализација и изградба и на овие автопатски делници. Европската иднина на земјава е загарантирана и затоа ни се потребни нови квалитетни патишта заради подеднаков развој на сите региони“, рече министерот.

Директорот на ЈПДП Ејуп Рустеми, рече дека претпријатието ќе продолжи интензивно и посветено да работи на реализација на најголемиот инвестициски циклус во државата.

„Реализацијата на овој проект е пример дека може и треба да се гради според динамиката која претходно е воспоставена, односно може и ќе се гради навремено, брзо и квалитетно“, рече Рустеми.


Обраќање на премиерот Ковачевски на увид на рехабилитација на пат Подмоље-Струга- Ќафасан

Премиерот Димитар Ковачевски денеска, заедно со првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и Ејуп Рустеми, директор на ЈПДП, присуствуваа на пуштање во употреба на патниот правец Подмоље-Струга-Ќафасан.

Во продолжение е интегралното обраќање на премиерот Ковачевски:

„Добар ден на сите, 
Сакам да ги поздравам најпрвин медиумите, 
Присутните овде,
Министерот за транспорт,
Вицепремиерот Груби,
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, 
Секако и изведувачите и надзорот на овој проект, 

После децении празни ветувања, промени на многу влади, локални власти, граѓаните конечно возат по модерен, безбеден и современ пат на релација Подмоље-Струга-Ќафасан. 

За оваа делница сите ние сме сведоци дека со години медиумите, граѓаните, па и странски туристи говореа дека овој патен правец е премногу опасен за сообраќај. На овој пат немаше дупки, туку беа отворени кратери, раскопан асфалт и нерамнини, и таков пат Северна Македонија ја поврзуваше со граничниот премин „Ќафасан“, односно со Република Албанија. 

Рехабилитацијата на оваа делница од државниот пат А2 се најде во многу предизборни ветувања, но големите ветувања беа само слово на хартија. 

За нас како Влада, рехабилитацијата на државниот пат А2, односно делницата Подмоље-Струга-Ќафасан, беше обврска кон граѓаните. Нашето ветување го одржавме и на граѓаните им обезбедивме нова рехабилитирана делница безбедна за сообраќај, чијашто обнова чинеше над 7,9 милиони евра. 

Оваа делница е од исклучително значење за овој регион, особено за поттикнување на регионалната соработка, за нови можности за економски врски, културни размени и врски меѓу луѓето на Северна Македонија и Албанија. 

Делницата Подмоље-Струга-Ќафасан има големи економски предности, отвора можности за трговија и инвестиции, отворање нови работни места и подобрена транспортна инфраструктура, што крајно позитивно влијае врз поттикнување на  економскиот раст на двете држави. 

Државниот пат А2, се поврзува и со Коридорот 8, што е од клучно значење за поврзување на нашата земја, не само со регионот, туку геостратешката позиција на Коридор 8, овозможува Северна Македонија да стане неизбежна транспортна рута со европските земји. 

Инвестициите во патна инфраструктура за Владата што ја предводам се создавање можности за подобра поврзаност, овозможување нашите граѓани да патуваат безбедно, да има побрз транспорт на стоки, да се унапреди туризмот во нашиот oхридско – струшки регион. 
 
Изградбата на нова патна инфраструктура продолжува и во следната 2024 година, бидејќи поврзувањето со регионот, овозможува полесна соработка, а тоа е еден од клучните аспекти за развој на нашата економија, но и за интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија.

Нема да дозволиме граѓаните да бидат изолирани и исклучени од цивилизација во сопствената земја. Ова е друго време, а Владата што ја предводам јас е за забрзан развој на Северна Македонија, за отворање на нови пазари, за нови инвестиции, за европска иднина овде во нашата држава. Граѓаните го заслужуваат тоа и наша обврска е тоа да го исполниме.

Сакам на крајот да се заблагодарам на сите државни институции кои беа вклучени во реализацијата на оваа патна делница и секако на изведувачите и надзорот. 

Ви благодарам“.