Вицепремиерот Битиќи ќе се обрати на промоција на проектот „Зелен финансиски инструмент“

На 03.11.2023 година (петок) со почеток во 10:00 часот во х. Хилтон, ќе биде промовиран проектот „Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и борба со климатските промени во Северна Македонија“, кој го имплементираат Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), Меѓународната агенција за миграција (ИОМ), Европската Банка за Обнова и Развој (ЕБРД),Економска комисија за Европа на Обединетите Нации (УНЕЦЕ) и Владата на Република Северна Македонија.

На промоцијата на проектот ќе се обрати заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Со финансиска поддршка на Заедничкиот фонд за Целите на одржливиот развој и кофинансирање од Европската Банка за Обнова и Развој, локалните банки и Владата на Република Северна Македонија проектот значително ќе го подобри пристапот до поволно финансирање за малите и средни претпријатија, но и за граѓаните за инвестиции во обновлива енергија и енергетска ефикасност.
 
Изјави за медиумите се предвидени во 11:00 часот.

Календар Влада: 
Friday, November 3, 2023 - 10:00 to 11:00