Владина делегација ќе положи цвеќе по повод 13 Ноември-Ден на ослободувањето на Скопје
На 13.11.2023 година (понеделник) владина делегација ќе оддаде почит и ќе положи цвеќе по повод 13 Ноември-Ден на ослободувањето на Скопје. Владината делегација ќе биде во состав: Ристо Пенов, министер за локална самоуправа, Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик на министерот за правда, Јетон Шаќири, министер за образование.
Агенда за одбележување на 13 Ноември:
- 11:00 часот-Положување цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел;
- 11:30 часот-Положување цвеќе на Алејата на заслужните граѓани во Бутел;
- 12:30 часот-Положување цвеќе на споменикот ,,Ослободители на Скопје”, плато пред Владата на Република Северна Македонија.
Календар Влада:
Monday, November 13, 2023 - 11:00 to 13:30