Премиерот Ковачевски ќе учествува и ќе се обрати на 20-от Виенски економски форум
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, ќе учествува и ќе се обрати на 20-то јубилејно издание на Виенскиот економски форум.
Според програмата, предвидено е премиерот Ковачевски да учествува и да говори на панел- сесијата „Градење економска соработка во тешки времиња“, заедно со премиерите на Албанија, Еди Рама, на Косово, Албин Курти, на Бугарија Николај Денков, како и министерот за економија на Молдавија, Думитру Алаиба.
Обраќањето на премиерот Ковачевски на премиерскиот панел на 20-от Виенски економски форум може да го проследите на следниве линкови:
Линк до видео на македонски јазик
Линк до видео на албански јазик
Линк до видео на англиски јазик
Во рамки на Форумот, претседателот на Владата, Ковачевски ќе оствари билатерални средби со премиерот на Косово, Албин Курти и со еврокомесарот за економија Паоло Џентилони.
Претседателот на Владата Ковачевски ја предводи делегацијата во која е заменик министерот за финансии Филип Николовски.