Вицепремиерот Битиќи и министерката Шукова во работна посета на општина Велес
На 18.11.2023 година (сабота) заменик претседателот на Владата за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова ќе бидат во работна посета на Велес, каде ќе направат увид на новоизградениот пат кон село Сливник и ќе направат обиколка на зградата со социјални станови во Велес.
Го покануваме вашиот медиум да ја проследи обиколката на зградата со социјални станови во Велес, каде со почеток во 11:00 часот вицепремиерот Битиќи ќе даде и изјава за медиуми.