Премиерот Ковачевски на 20 ноември во посета на Прилеп

На 20.11.2023 година (понеделник) претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и министерот за транспорт и врски, Благоја Бочварски ќе го посетат Прилепскиот регион.

Во 11:00 часот, премиерот Ковачевски заедно со министрите Спасовски и Бочварски ќе го посетат ИКТ Центарот за чување и заштита на податоци и опоравување од катастрофи во Прилеп.

На настанот свое обраќање ќе имаат премиерот Ковачевски и министерот Спасовски.

Оттаму, во 11:45 часот премиерот Ковачевски и министрите Бочварски и Спасовски одат на увид во реконструкцијата на улицата „Леце Котески” во Прилеп. На овој настан ќе се обратат премиерот Ковачевски и министерот Бочварски.

Календар Влада: 
Monday, November 20, 2023 - 00:00 to 23:45