Премиерот Ковачевски и генералниот секретар на НАТО Столтенберг, домаќини на неформалниот состанок на лидери на НАТО сојузници од регионот
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на 22.11.2023 година (среда) ќе бидат домаќини на неформален состанок на лидери на НАТО сојузници од регионот, што се одржува во хотел „Хилтон“ во Скопје.
Согласно програмата, пред почетоток на состанокот, премиерот Ковачевски и генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, ќе имаат заедничка изјава за медиумите.
Линкови за следење на почетните изјави на следниот линк:
Doorstep изјава на премиерот Ковачевски и Генералниот Секретар на НАТО Столтенберг
Воедно, изјави за медиуми пред почетокот на состанокот, ќе имаат и Еди Рама, претседател на Владата на Република Албанија, Зоран Милановиќ, претседател на Хрватска, како и Милојко Спајиќ, претседател на Владата на Црна Гора.
Согласно програмата, по изјавите, ќе следи неформалниот состанок на лидерите на НАТО сојузните од регионот, по што лидерите ќе одржат заедничка прес- конференција во 11:40 часот.
Линкови за заедничка прес-конференцијата: