Премиерот Ковачевски и министерката Тренчевска на средба со претставници на здруженијата на пензионери
Ве информираме дека на ден 01.12.2023 година со почеток во 14:00 часот во Клуб на пратеници, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска ќе се сретнат со претставници на здруженијата на пензионери.
На почеток на средбата претставниците на медиумите ќе имаат можност за фотографирање и видео инсерти (2-3 минути). По завршување на средбата предвидени се изјави за медиуми.
Претставниците на медиумите е потребно да пристигнат во Клуб на пратеници најдоцна до 13:45 часот.